blood and ink first blood

Години пред светот да го види “8 Mile” на големото платно, Бугарскиот рап има пишувано историја со рап битките врз инструментал во freestyle формат. Овој пат, Blood & Ink Entertainment презентираат нешто ново. Во сабота, на 21ви Октомври во клубот “Mixtape 5” во Софија ќе се случи првиот battle рап настан “ПЪРВА КРЪВ/First Blood” во формат кој што во последните години зафаќа голем бран во цел свет. Станува збор за ист формат на битки како кај KOTD, URL, Don’t Flop… Rap Skillz, акапела битки со претходно договорени противници и пишани текстови. Денеска тука се нашите другари од Бугарија, да ни одговорат на неколку прашања. (more…)