Верувајте на хајпот! Oxxxymiron (RU) VS Dizaster (USA)

oxxxy vs diz

Dizaster, еден од најгледаните, најарогантните и воедно најуспешните американски бетл рапери пред две години по прв пат заслушува како некој руски брат Oxxxymiron руши рекорди на YouTube со неговите бетлови и нормално, без момент на двоумење, каков и што го знаеме Diz, го предизвикува на Oxxxy на бетл. Две години подоцна, најсилната лига на светот KOTD, во договор со лигата која го претставува на Oxxxy – Versus, успева да го реализира мечот, во LA, на нивниот настан World Domination 7.

Од почеток, кога се најави бетлот се случија многу двоумења, како Русинот ќе рапува на англиски, кога никој никогаш го нема слушнато. Меѓутоа, Miron студирал на Oxford и има живеено во Велика Британија, така да од другата страна многу сметаа и дека нема да е никаков проблем неговиот изговор, дикција и начин на склопување барови. Хајпот се оправда. Oxxxy дојде спремен максимум, извади многу јаки фори, барови и шеми и буквално ја зема вечерта. Русија доминираше во Америка. Знаат браќата да го поддржат својот човек. Изненадувачки, Diz беше многу искулиран, дури и се дружеше со Русите, бидувајќи свесен дека ја губи битката како никогаш до сега.

Бетлот официјално излезе неколку саати после настанот во живо, бидејќи секој втор руски брат стримаше нелегално PPV и веќе bootleg снимките имаа милиони прегледи. Погледнете го бетлот и понекогаш верувајте на хајпот! Чудо, пошто бетлот има веќе скоро 4m прегледи за 24 часа. Battle rap wins! Погледнете го и споделете мислење!

Следниот викенд следува вториот дел од World Domination 7 во Toronto, Canada на кој ќе се случи title match помеѓу досегашниот шампион Head I.C.E. и Cortez.