Ноце vs Влади – Анализа

Пишува: Мартин Ковачки (Marvelle)

DISCLAIMER

Тврдењата изнесени во текстов се лично мои, и не се на никој начин поврзани со гледиштето на Rap Skillz Македонија како целина.

Како што напомнав во мојот прв блог за значењето на Rap Skillz движењето, ќе обрнеме посебно внимание на две битки од MAYDAY настанот, имено Кртот vs Кискинов и Ноце vs Влади. За почеток ќе изнесам генерален став кон битката, па ќе навлеземе детално низ рундите да видиме дали постои можност (т.е. доволно очигледна разлика во материјалот) за фер проценка и дедукција кој бил победник.

Kaко што спомнав и првиот пат, во анализите се раководам по системот за оценување даден од пионерот на battle-блогирањето Jayblac – еден поен за добар удар, два поена за room-shaker, или линија/сегмент што остава многу силен впечаток. На некои линии можеби лично ќе сакате да додадете поен, а на други да одземете, што е сосема во ред бидејќи сепак станува збор за индивидуална перцепција, без разлика на објективноста во пристапот.

Главните критериуми за доделување поен се:

  • релевантност на пишаното кон противник
  • презентација на материјалот (delivery, performance)
  • вокална проекција / присуство на бина
  • контрола / реакција од публика (занемарлив фактор но сепак земен во предвид)

Подолу може да ги погледнете моите табели и поените кои ги доделив на секоја рунда поединечно.

Rd.1 Breakdown

НОЦЕ RD1 ВЛАДИ RD1
Влади Дади / Анонимус 1 златно дете беше 1
џабе 9ка / чека те 22ка, дупла 1 имунитет / антитела / вирус у р.л. 1
“ќе нема жива душа” сегмент 1 добар кадар / пресек чело брада 2
фокус/филм, објектив/објективан 1 движам низ маало / барам близнак 2
да не е RS ќе снимаш свадбе 2 безбедност на мрежа / сигурна линија 1
едини начин да завртиш пару 2 хорор сет / Bear Grylls во ќошот 1
лижеш магнум / западан 1 панчот аполо11, никад не слетал 2
кад пуцам / пуцаш у ваздух 1 кучето мое / студени нозе 1
владислав / дракула 1 си еден пред шест 9ки 1
ноември, листо-пад 1 но целев, ноце лев / фала за списокот 1
скидаш главу / испод врат 2 нина нов модел / CSI реконструкција 2
Вкупно 14 Вкупно 15

Rd.2 Breakdown

НОЦЕ RD2 ВЛАДИ RD2
глава на куќу 1 4 сезони Вивалди / почивај во мир Али 1
самодовербу у ќесичку 1 им давам огин ко Прометеј 1
mute на аудио 1 резидент со рез идентичен 1
“густ сообраќај” сегмент 2 наплаќам за удар / Media takeout 1
васер вага / не си ми раман 2 принцип / доцент / истудиран 1
на лице маска / на лице место гинат 1
“дупло фан” сегмент 2
поширок агол, сечам цефка 1
blind date / колку скинал до моментов 1
Вкупно 7 Вкупно 10

Rd.3 Breakdown

НОЦЕ RD3 ВЛАДИ RD3
“идоли / колеги” сегмент 1 новица, ова нов виц а? 1
изрешетан зад решетке / побуна 1 1000 начини / до Богородица 2
закову за бину бш тија клинци 1 60 пред да го пензионирам 1
гаврилов принцип 1 под агол мења фаци ко Чипикао 1
ина мн. фина / пич. за пример 2 добро, фала, чао 1
марионета сегмент 1 круна на глава титула / валута 2
обесу сс кабел / на мајк висиш 1 од СК ги зимаат пред Соборен Храм 1
не си краљ, тачка / KOTD Diz 1 кувам ново / знаме на куманово 1
тепаш ко цезар / завр. ко салата 2 рап група, дур не се распаднете 2
ловац / коњ / шах-мат 1 памук /скил црн / бел газдава 1
фудбал снимаш / Роналдињо 1 Страјсенд ваков Бар бара 1
еким со темна легура сегмент 1
мк филмови / праќа кај Колозов 1
ивица за утре / у место ко орбитрек 1
Вкупно 13 Вкупно 17

Што значи сето ова во превод?

Oooh wee! Replay вредност преку кров. Со еден збор, barfest… Битка на вечерта, по мое мислење. И двајцата дојдоа со густ материјал (погледнете ги само поените) и пред сè, квалитетни линии – посебно нагласено во првата и третата рунда. Ноце го доби својот најголем предизвик досега, а очекувањата ги надмина Влади Ортографија кој воедно дебитираше на Rap Skillz. Најблиска од рундите за мене е првата, па да започнеме со анализата.

Ноце отвори со силна рунда. Добри ударни линии, закани прошарани со хумор, кај него забележуваме развој со секоја одмината битка, што е потврдено од поддршката што ја добива редовно од Rap Skillz публиката. Мала дигресија – сметам дека доколку поработи на своето присуство на бина, неговиот начин на пишување придружен со динамична изведба ќе биде сериозна закана за секој противник. Назад кон битката – првата рунда за влакно ја добива Влади, ќе објаснам зошто подолу. Втората рунда беше послаба и кај двајцата во споредба со останатите две , но кај Ноце го забележав притисокот од темпото кое го наметна Влади, темпо чиј притисок ниеден досегашен противник не го достигнал кај него. Сепак, должам признание за своевидниот comeback во третата рунда, која беше на рамна нога со првата. Да не го заборавиме и фактот дека за него ова беше четврта битка во последниве 5-6 месеци, што само по себе говори за креативноста и лимитот со кои располага неговото пенкало во моментов.

Влади Ортографија за мене = MVP на вечерта. Не само што го ко-организираше настанот, сликаше и снимаше, туку успеа да има класик деби со (дискутабилно) најдокажаниот бетлер од првата генерација на Rap Skillz Mакедонија. Гледано од камера, по неговиот говор на тело мислам дека се забележува мала “расеаност”, што е разбирливо со оглед на околностите во кои се одржа битката. Во секој случај изведбата на материјалот, вокалната проекција и енергичноста беа на посакувано ниво. Пишаниот материјал со кој дојде беше речиси целосно општ, со неколку одбрани удари кон Ноце (круна / валута, знамето на куманово, флипови за Ноце Лев, Новица итн). И покрај ова, се беше тематски насочено кон противник, со минимална лиричка шминка – бараж на удари, стилски близок на западните трендови на бетлање (URL / KOTD) и рунди конструирани со модерниот battle-рап формат на ум (минимален filler, удари и во припремните линии исл. детали). Влади е пример за писател кој својата инспирација ја црпи директно од изворот на културата, не ограничувајќи се само на балканските трендови.

Краен резултат

Сè на сè – од ваква битка губитници нема. Верувам дека ова ќе послужи како гориво за наредните битки од овие двајца да бидат уште пожестоки, лично едвај чекам да ги проследам.

Да резимираме, Влади ја зема оваа битка јасно во втора и трета рунда, со дискутабилнa прва за можен резултат 3:0 или 2:1. Би сакал да гледаме сè почесто битки од овој, па и повисок калибар, па се надевам дека ова ќе инспирира некои ветерански пенкала да го проверат нивото на мастило во нив. 😉

До следна прилика, гледајте квалитетен battle-рап и се читаме на Fb.

Marvelle