Noce vs. TriM (Recenzija)

Најтесен бетл до сега, многу тешка одлука да се донесе. Од една страна сложеноста и игрите на зборови на Ноце, од друга подиректните панчови на Трим. Победата можеше да отиде на двете страни.

– Прва рунда:
Ноце: Ноце уште од почетокот покажа голема спремност и сигурност и почна со одличен вордплеј при што се надоврза со градот од кај доаѓа и со битката на Трим со Лука: „Митко Вангелов ко Ранко Рангелов едеш стари трице ти, овој нема да е смешно иако кумановац е Ноце, не е Тони ни Сашко Коцев па да фурам вицеви. Сакаш ед’н на ед’н ко Жаре немаш лице, бицепс, ни трицепси. Збориш за макароне, а бивша ти вика битни су ситнице, сви“. Потоа следи мојот омилен дел од рундата, играта на зборови со грчките богови, при што спомена некои работи од личниот живот на Трим: „Лева и десна су ми гром и муња стил ЗЕВС, А ТИ НА IQ тест немаш МУДРОСТ, па и ДИО НИЗ тебе прошја. Не си ма ХЕР место ти е у ХАД курво. А ПОЛОвни риме ти ги читам ко Атлас, смо планине ОЛИМП И ЈА ДА. Сакаш рат па цАРЕ страдаш, брзо ко БОЛТ претрчу те ко ГРЧКА ОЛМИПИЈАДА“. Потоа се надоврза на екипата на Трим: „Имам 20 фанатика да ти скинев главу, куде су твои ЛУЗЕРИШТА , како бесте ПУЛС ЕКИПА, треба ти ПЛУС ЕКИПА, МА ЦЕЛ БУС НЕК ИМА, СВИ НА КУР ЌЕ РИПАВ, Ноце е луд ќе скида, и овај ПЕПЕРУТКА ќе ви биде кул без КРИЛА, зашто ко Лазета ќе лази, ГУСЕНИЦА.“ За крај следат игрите на зборови со математика и нацистичките логори од: „За овј штебер да ме разбере ќе морам МАТЕМАТИЧКИ сложено. Отвори ЗАГРАДУ Трим ПЛУС Пулс екипа, затвори ЗАГРАДУ, ПОМНОЖИ по скил па ЕДНАКВО на ПРАЗНО МНОЖЕСТВО. Не, ни такој не бива, отвори ЗАГРАДУ, скил на Митка, ПЛУС Пулс екипа, затвори ЗАГРАДУ, ПОДЕЛЕНO на кила на онога битбокс свиња еднакво 0.00000, много ДЕЦИМАЛНИ БРОЕВИ, па џабе глумите СЛОЖЕНИ мој панч ви пукне СИНУСИ затој што немате КОРЕНИ.“
Трим: Трим почна со тоа што зборуваше за стилот на бетлање на Ноце и неговата професија: „Го проучив, Ноце е по шемите, главна шема во градот, шепоти на само, шета со мајкот, штета за рапот. Не е ни шега жално, шеф на шанкот, демек шмекерот кој работи во клубот. А пази информациите за тебе ми се од пичките што ти се во кругот“. Потоа Трим се надоврза на панчот од претходниот негов бетл со Лука: „Стварно која е твојата причина што си овде мене ми е стварно нејасно? Да погодам го излажале дека и он ќе добие Сникерс бесплатно.“ Потоа искористи интересно преносно значење : „Мисли има ЖЕШКИ панч ЛИНИИ против мене ма дај. Премногу си крева на цена дека работи во HOT LINE.“ Во сите рунди ми се допаѓаа многу промените на флоуто на Трим што завршуваат со добри панчови: „Он вложил пара за рима па разно минира на празно зумира мултито ми распара сумирај пa праи ли за инат и мисли пара ли зиам па реализирам бегај пред да те парализирам“. И рундата ја завршува со убиствената игра на зборови: „Новица ова е премногу за тебе доста се ИГЛАШ со здравјето. Ти си брз на ЛИНИЈА само кога е БЕЛО срањето. Има ЗЕЛЕНИ манири па ЧАДИ од среќа. А aко рапот му е ДРОГА тогаш ќе го оставам да стрепа”.
Прва рунда: Ноце vs. Трим 1-0: Ноце според мене беше доста посигурен, имаше доза на агресија и вордплејовите во поголем дел му беа испратени. Поради одличните лирички способности од вордплејови до мултис му ја давам оваа рунда, иако Трим беше доста одличен.
– Втора рунда:
Ноце: Ноце повторно почна со вордплеј при што ја искорости во своја корист окупацијата на Трим како програмер: „Па слушај програмеру отвору те с’с POINT CLICK како MY COMPUTER, твои ЛИНИЕ аматерски ко PAINT немав ВРСКУ ко стар РУТЕР. Риме дилам на КИЛО па сам ГИГАнт у пичку матер ви ги ТЕРА МЕГА, гс ти е FREE DOWNLOAD сви га СКИНЕВ, а мозак… немаш драјвери за њега. И заеби га тај Шваба и Пинки стил, ти си студент на ФИНКИ Трим и знам дека у бетл рап гледаш своју ВЕРЗИЈУ на WIKILEAKS, ама видиш ли овој е много повише од CLICK и SCRIPT, па мој стих ти ЗАВРТИ мисле на бетл без КАРТУ…. РИНГИШПИЛ“. Следно се надоврза со бетловите од Велес, и изнесе игра на зборови со вкусови: „Сакаш да га запослиш Кмалу да ти покрива опреми затој што и тој ќе заебеш, запосли рапера што фаќа бит да те покрива тебе.“, „… Од Лазара праву Микри, од тебе КРИ КРИ, значи си ЧОУКоладан“. Потоа ја заврши рундата со одлични шеми и мулти рими: „Гледав ме ко ФИНАЛИСТ, ја не сам ФИН НА ЛИСТ треба да разбереш. И на овај бетл си у маскирно, а не си БОРАЦ ни у ВЕЛЕС. Па организатори те влечев ко МЗТ, КАРПОШ СОКОЛИ, овој е 3:0, тројка од пола терен КО ДА САМ АЦЕ КОСТОВСКИ.“ Потоа направи референца со филмот „Gone in 60 seconds”: „Ти глумиш на бетл, на спот, на текст, на СТЕЈЏ на сви три рунде, и пошто си глумац ко НИКОЛАС КЕЈЏ СНЕМА ТЕ ЗА 60 секунде“.
Трим: Трим изнесе неколку воведни панчови и почна агресивно да напаѓа: „Сепак мора да расчистиме, за тебе ова е ден посебен, се спреми ли за бетлов, дали и овој пат другар ти камера понесе? Ме проучи ли добро, на Rap Skillz не сум од Скопје, туку единствен од Тиквешијата, ти си 26 години, па не си ми никаква закана. Од тебе ми е појака дури и ракијата.“ Потоа се надоврза со некои референци што Ноце ги користеше на бетлот против Лазе и за дијалектот на Ноце: „За што ќе ме бетлаш, немам ни големи уши ниту женска, па ме интересира што ќе ми сервираат, пичко јас носам протеза, а ти си тој што кога збори тешко го разбираат. Мислите ли дека е боље, јас не ни мислам на него, а што мислите дека он мисли? Ноце им треба превод. Он мисли дека не мисли, затоа што неговите мисли нема никад да ги сфатите. А ти и дури кога не мислиш имаш повеќе во главата отколку во гаќите“. Потоа пак имаше надоврзување на минатиот бетл на Ноце и Лазе, го спомена веќе познатиот Lyoness и имаше пак промена на флоуто со што ја заврши рундата: „Постојам со сто посто постојан перфоранс просто не постои простор овде за ваков постар посран простак“.
Втора рунда: Ноце vs. Трим 2-0: Послаба рунда на Трим од претходната, Ноце остана константен, сигурен, дури и шемите се повеќе инегрирани во оваа рунда и направи реакција во публиката што е многу важно кога се користи овој стил на сложеност.
– Трета рунда:
Ноце: Почна Ноце со воведен панч и продолжи со : „Гледај бро немаш другари ни помош од публику, кидам те на ПОЛА ПОЛА и гледам ти си ко кактус од надвор боцкаш однутра си гола вода.“ Ноце метафорични ко претстави името на групата С.А.Р.С и две нивни песни: „Тврдиш дека си смртоносан ко САРС, уствари си само ЛУТКА која шити МИР И ЉУБАВ“. Шемите во оваа рунда на Ноце не беа толку добри ко во минатата но беа солидни: „Твој смешан session e WASH N GO пуштиш воду и нема га после, CLEAR е дека ти кидам главу од рамења HEAD AND SHOULDERS. Да видиш дека твој ска PANTEN не е ПРОТЕКТ ни да си Мартин Лутер, џабе ти С’Н за успех будало реално те скидам на прву ко ПРВУТ од главу, УМРЕШ.“ Потоа Ноце пак се надоврза со професијата на Трим: „Ја не си играм, за да ескивираш немаш време ни штоперицу да гу ХАКИРАШ, ти си ДИЗАЈНЕР у рапера маскиран, ПРОГРАМЕР што ВИРТУЕЛАН свет креаира, а у лирику си ко мало палаво дете ОД ЗБОР НЕ СЕ РАЗБИРАШ. И да овој е РАП СКИЛЗ, а не РАП СИМС па КАРИЕРУ да ДИЗАЈНИРАШ.“ Ноце го заврши овој бетл со панчови во кои искористи референци од минатите бетлови: „Свак твој панч против мене е ко случај без доказ, одбиен ко НЕОСНОВАН. Џабе факултет и диплома кд рап тие среѓан, НЕ ОСНОВАН“, „Не и не ми е срам… не ми е срам немој да ме штедите кд кажете КРАЈ Е НО днске Трим прави трансфер у РАП ПОЗИТИВ зашто у пекол с’с Лазета ЗАЕДНО“.
Трим: Трим влезе многу агресивно во рундава иако имаше ненамерна пауза поради надворешно влијание. „Признај се чувствуваш ко девојче на прв секс, не си веќе невина, да ви објаснам прв пат губи на Рап Скилз, го боли, но не сака да прекинам.“ Трим после овој бруталити продолжи со неколку линии со кој го опиша изгледот на Ноце: „Има сало со распоред ко КРОАСАН, но не се срами тоа е се океј. На грб има ТЕТОВАЖА СОНЦЕ и МЕСЕЧИНА, да не те викаат 7 DAYS? Има цицка масивна поголема од пола девојчиња што ги глеам. На неа ТЕТОВАЖА одбивам да тонам во превод не ми свршувајте на неа. ТЕТОВИРАЛ срце со бивша му, па сега се кае зошто не се веќе заедно. Претпоставувам би тетовирал и Рап Скилз, но ќе те завршам на брзинка не троши пари залудно. Сакам да кажам TATOO МАЈСТОРОТ не ти е никаков уметник зошто на свиња се учи да тетовира само ПОЧЕТНИК“. Следат неколку исто така одлични панчови и пак како што ја почна рундава завршува со уште еден брутален панч: „Ако примети ниту еднаш не ти спомнав ни мајка, ни сестра, ни женска, фер бев. Но не заради што ќе кажат судиите, туку се фокусирав на поголема курва – односно тебе. Зарем не сфати адресата што ти ја дале е лажна, курвите ко тебе во Битола чекаат на ВПШ вашата последна шанса“.
Трета рунда: Ноце vs. Трим 2-1: Оваа рунда на Трим му е најдобра до сега. Многу брутален, сигурен секој панч на место и ги засени шемите на Ноце, кои според мене не беа баш добро интегрирани како во минатите рунди.
ПС: Различниот резултат на рецензијата и бетлот не значи дека ја осудувам одлуката на судиите или дека се наклонувам на нечија страна. Одлуката е чисто од мојот вкус на стил на бетл, као што реков на почеток победата може да оди на двете страни.