Mort vs. Koljo (Recenzija)

Одличен, одличен бетл. Многу позитивно изненаден сум од двата бетлери. Двајцата еволуираа во следно ниво на бетлање. Многу кохерентни панчови, вордплејови, мулти рими, директни панчови. Многу тешка одлука да се одлучи победникот, Морт и Кољо беа многу еднaкви и сигурно и цврсто влегоа во бетлот и така останаа во поголем дел од истиот.

– Прва рунда:
По фрлањето на паричката се одлучи Морт да влага прв.
Морт: Морт го почна бетлот со одличен панчлајн: „Добро вечер на сите, Морт прв пат ќе изгуби у битката. Кој повеќе ќе дтка , секој твој панч и потег пичко се по прост е. Сте ме ставиле со него денес мечот го крстиме „чоук контест“ “. Потоа Морт го изнесуваше фактот за професијата на Кољо односно келнер и заврши со панчот: „… Пичко ајде нападни али нема спас и нема каде исто ко да киднеш дур носиш ајнцер полн со нарачки“. Следи најдобриот дел од рундата на Морт, „коса“ вордплејот: „Ти за да стигнеш до целта треба да се движиш по правата линија а не КОСА, таа твоја гадна КОСА ќе ја КОСАм со КОСА. Пошто си женско те викаме КОСА. Те молам од денес гукни нешто на бетлов, не зуј КО ОСА. Следат неколку добри панчови и рундата ја завршува со: „Ти си нешто ко билтен ќе згинеш најкасно до ВТОРНИК, а ако сакаш да те има по ова уште треба да излезеш ко нов значи ВТОР НИК.“
Кољо: Кољо ја почна рундата со еден од најдобрите панчови на бетлот. Тој се надоврза со „лупањето контри“ на Морт, бетлот на Морт со Николоф и темните сатанистички размислувања на Морт (кои ги изнесуваше низ целиот бетл): „Да те научам како се лупа контра пошто во Скопје глупости фрли, глупости тресеше, Николоф 90 му било име на бот, а што мислиш како звучи Морт 666 (Морт шест шест шест)“. Потоа следи вордплеј со името на Морт: „Нека е МОРТал Комбат, мојот МОРТар бомба спрема, девојка ти нејќе SUB-ZERO ќебапи, затоа доаѓа по МОРТадела. После ова постави референца на сектата „Црна Ружа“ и серијата „Црна Ружа“: „Си пропаст беда, исто и глуп локал секташ, на пример „Црна Ружа“ мисли е серија ја бара на ТВ екран“. За крај Кољо престави одлична шема со опери: „Ако си тврд орев пак не е проблем секој панч ми е „ОРЕВОКРШАЧ“. Каде со таа фризура, не се пали комплицирано е, животот е нефер. Тие бекенбарди не ги средува ни „ФИГАРО“ ниту „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“. Имаш живот мрачен не сум тачен, добро еј се зезав за берберот но реално цел живот плаче си само грдо пајче кое никогаш нема да шлапне во „ЛЕБЕДОВОТО ЕЗЕРО“ “.
Прва рунда: Морт vs. Кољо 0:1 : Многу добра рунда. Рундата ја давам на Кољо поради што направи баланс меѓу сложеноста и достапноста на панчовите кон публиката, што е доста тешко да се направи. И повеќе даде од морт во оваа рунда.
– Втора рунда:
Морт: Морт ја почнува втората рунда со одличен вордплеј од тимовите на Холандската лига: „Дечко прати сега панч и рима поише од голови од Холандска лига. Ја можда иден шампион ко PSV (Пе ес ве), он у траките ко третооделенец пее све. А јак си ко WILLEM II (Вилем втори) уште, ако сакаш победа ќе добиеш UTRECHT (УТРЕхт). Ја главен ко Амстердам он мој Vitesse (Витез е) голем, ма каков витез бе ЦЦЦ ВОЛЕ (Zwolle). Праиш секој ден ХА Ге (Den Haag) зимаш пец, толку ти e исушен мозокот можат комотно да те шитнат ко кукла у Нец. Ја можда DEN BOSCH (ден бош) имам, али јасно се гледа фортуна си тард па наопачки ЕММЕN (Емен) нервирај сега, пошто ќе испаднеш од лига ко NAC BREDA“. Морт продолжи со агресивен пристап и агресивни панчови: „За мене не си топ пошто ако ти пукнам еден шамар има вошките да ти играат Candy Shop“. Морт заврши со „бар“ вордплејот, при што пак се наврати на фактот дека Кољо е конобар. „Ниеден БАР од твоите траки не може да парира со БАР од трака моја, не сме у Ќерамидница овде БАР добар, сега сме у Бордело БАР прими пораз. А ти си коноБАР па што чекаш иди донеси ми коњак“.
Кољо: Кољо се најде на тешка задача за да ги врати агресивните панчови на Морт и тоа го направи доста добро. Почна со шема со имињата на наши млади групи и артисти: „Имаш DRUNK FLOW дека си без панч во верс си килав, немаш РАП ПОЗИТИВ позитивен си само на тест за сида, иди кај ТРИМ МОЖЕ ќе добиеш ПУЛС и ПЕРСПЕКТИВА, влезе во КОНФЛИКТ со 90та АРМИЈА сега пее генерале мој ко Северина.“ Продолжи со лични агресивни панчови од кој најмногу ефект имаше следниов, при што зборува за сродната душа на Морт: „Неговата сродна душа свири на курац ко Ферус, ги има поминато и „Коце Металец“ и АСУЦ и ЕМУЦ. На фејсбук опасен… гледам шемава не ти е јасна, па која сродна душа ја имаш ти освен ДЕСАНКА!?“ Потоа следат панчови поврзани со претходниот при што Кољо внесе елементи од Петар (името на Морт) Пан: „Исечија може во рапот ќе успееш ко КАПЕТАН КУКА но ти би го избришал газот со неа, толку си глупав…. Егото ти лета високо доаѓаш од НЕДОЈДИЈА но не си ПЕТАР ПАН. Брутално почињам твојата ѕвончица на друг дава крила. Не е Red Bull но е ко Sex Toll чим била со тебе значи не бира.“ Кољо го завршува версот со две брутали: „…Боље извади око и ребро да си ко идолот твој Мерлин Менсон…. Имаш IQ ко коефициент на спортска“.
Втора рунда: Морт vs. Кољо 1:1 : Најтешка рунда за судење. Двајцата се покажаа во најдобро светло и втората рунда е најдобра од целиот бетл. Доста вордплеј од двете страни, сложени рими и јаки панчови. Многу размислував, но ова рунда е на Морт поради поголема самодоверба и со по агресивен пристап направи многу голема реакција и поради доста добриот и релативен долг вордплеј со тимовите кој го приспособи да може и публиката да го разбере и воедно да ја задржи сложеноста и квалитетот нешто слично како што Кољо направи во првата рунда.
– Трета рунда:
Морт: После неуспешниот обид на публиката да му предизвика чоук на Морт, Морт изнесе одлична шема на рими: „Иначе слушам втора рунда нешо као МЕТАФОРИ, се прашував зашто баш МЕТАФОРИ и МЕТАФОРИ и сфатив пошто веројатно му се МЕТАФОРс Идоли, а МЕТА ФОРИ.“ Потоа продолжи со: „Гледаш на секој мој панч од публика се спремни да полудат, а на твој панч публиката е како женска ти не ја задоволуваш“. Потоа Морт се надоврза на бетлот на Кољо со Лука во Скопје, и бетлот на Кољо со Спит во Велес.
Кољо: Почна со опишување на стилот на Морт и се надоврза со неговиот изглед: „…Најголем хорор му е кога се погледна во огледалото.“ Потоа Кољо изнесе игра на зборови со хорор филмови која беше доста добра: „На Емир му беше ПРЕМИЕРА сите тоа го знаеме, во Велес имаше среќа го избегна ПЕТОК 13. Битола ќе ти биде AMITYVILLE (The Amityville Horror), на тоа сум решен, а со твоите филмови детски глупи можам да кажам седи и ќути си ко SCARY MOVIES, веќе не си ни смешен…“. Потоа искажа неколку панчови од кои највпечатливи се: „…Твојот јазик во сечиј газ затоа срање му се римите…“ и се надоврза со фрлањето предмети на Морт: „…Јас не фрлам предмети на земја, те фрлам тебе“. Кољо ја заврши рундата давајќи „бесплатен погреб“ на Морт: „…Првиот верс го отчитав ко поп, вториот ископав дупка, третиот давам и надгробен споменик“.
Трета рунда: Морт vs. Кољо 1:2 : Ова беше решавачка рунда. Иако Морт избегна чоук беше доста несигурен и му фалеше оној квалитет на рими, агресија и сигурност што ги имаше во претходните рунди. Од друга страна Кољо остана константен со квалитетот и сигурноста па така ја извојува победата.
Да ремизирам. Предобар бетл. Се гледа голем напредок. Двајцата тежнеат кон поголемо ниво, одлично ги интегрираат римите, игрите со зборови и панчовите. Најмногу што ми се свиѓа имаа доза на хумор, агресија и сложеност што според мене е најдобитна комбинација за бетл. Морт и Кољо константно гризеа за време на бетлот, но Морт попушти во последната рунда што резултираше со победа за Кољо.